Денес во Нион се одржа ждребот за Лигата на шампиони, па нашиот претставник, екипата на Шкендија го доби потенцијалниот противник во 3-то коло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Доколку македонскиот шампион го елиминира Шериф Тираспол од Молдавија, во третото коло за противник ќе го има тимот на Ред Бул Салцбург.
Доколку Шкендија не успее да го помине тимот на Салцбург во третото квалификациско коло ќе игра во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лига Европа.