Како што јавува Јутарнји Лист од Хрватска, фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ има понуда од 40 милиони евра годишно, без данок.
Во прашање е, кој друг, ако не анонимен тим од Кина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Модриќ денес во раце држи неверојатна понуда од Кина, 40 милиони евра годишно. Нето, се разбира“, истакнува порталот.
Истиот извор приметува дека според оценките на Трансфермаркт, цената на Модриќ падна од 40 на 25 милиони, што е малку чудно, со оглед на тоа дека е избран за најдобар фудбалер на неодамна завршениот Мундијал во Русија.
Секако, пазарот сам по себе ги диктира цените, па Кинезите доколку навистина сакаат да го видат играчот за врска на своите терени ќе мора да платат многу повеќе.