Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мбапе поради бизарна повреда за малку ќе го пропуштел полуфиналето на Мундијалот

Мбапе поради бизарна повреда за малку ќе го пропуштел полуфиналето на Мундијалот

Репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во Русија по победата во финалето против Хрватска со 4:2.

Триколорите ја оправдаа улогата фаворит на Мундијалот во Русија и по втор пат во својата историја станаа шампиони во светот. Франција покажа дека има одлична генерација која на сцената ќе биде уште долго време, а се издвои одлучниот Килијан Мбапе кој е избран за најдобар млад играч на Мундијалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мбапе одигра неколку одлични натпревари и стана најмладиот француски играч кој дал гол на Мундијал. По Пеле, тој стана првиот тинејџер кој постигнал гол во финале на Светско првенство и сигурно дека пред него е славна кариера.

Сепак, малкумина знаат дека Мбапе во полуфиналето против Белгија играл повреден. „L`equipe“ денеска објави дека имал повреда која ја заработил на навистина бизарен начин. Францускиот напаѓач почуствувал болка во грбот додека се туширал, односно додека се обидел да ги земе своите работи од полицата.

Сепак, во екипата на Франција тоа го сокрија и Мбапе играше против Белгија, а и неколку дена подоцна против Хрватска. Лекарскиот тим ја заврши својата работа на најдобар начин и тоа се исплатеше на Французите кои станаа шампиони во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дали Меси ќе игра на Мундијалот 2026 година?

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи…