Францускиот напаѓач Карим Бензема после девет години би можел да го напушти Реал Мадрид бидејќи пред него се неколку интересни понуди.
Бензема во Реал Мадрид пристигна летото 2009 година од Лион, но изгледа дојде време за промена на средината. Откако Кристиано Роналдо го напушти Реал Мадрид на големо започна да се шпекулира дека истото ќе го направи и Бензема кој исто така кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми Бензема веќе одржал разговори со управат на Милан, а вчера бил на состанок со тренерот Гатузо и спортскиот директор Мирабели. „Росонерите“ сакаат да го засилат нападот, а во овој момент нивната најголема желба е Бензема.
Се уште не е познато колку Милан е спремен да плати за Бенема, но наводно кога во прашање е играчот се е договорено. „Скај Спорт Италија“ пренесува дека Милан на францускиот напаѓач му понудил договор на три години според кој би заработувал девет милиони евра по сезона, со што би бил втор најплатен играч во Италија, веднаш зад Роналдо.
#Milan – #Benzema, il retroscena: lunedì scorso incontro per il francese a Milanello ⬇https://t.co/0mUDbHFEC0
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 20, 2018