Успешен старт за младинската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот, кој наредниов период ќе се игра во Скопје, во С.Ц. Борис Трајковски. Избраниците на Данило Брестовац беа убедливо во првото коло, совладувајќи ја високо селекцијата на Велика Британија.

Само во првите пет минути имавме проблеми кога имавме негатива од 1:3, за во следните 20 минути, противникот да постигне еден гол, за разлика од Македонија која го полнеше голот на британците, за да имаме високо водство од 12:4. До истекот на првите 30 минути, стигнавме до двоцифрена предност од 15:5. Супериорни бевме и во вториот дел, кога само ја зголемувавме разлика, за на крајот да славиме убедливо со конечен резултат од 32:15.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


vardarfans-dimitrovski

vardarfans-kulukovski

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…