Само неколку часа откако го официјализираа трансферот на Алисон од Рома, „црвените“ потврдија дека се разделија со еден од голманите.
Имено, Дани Ворд од денес е член на Лестер, а Ливерпул од неговата продажба ќе инкасира 12,5 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ворд има само три настапи за првиот тим на „црвените“ откако пристигна на „Енфилд“ во 2012 година. Тој беше дел од репрезентацијата на Велс на Европското првенство пред две години.
Неговиот трансфер во Лестер медиумите го толкуваат како јасен знак дека Каспер Шмајхел ќе се раздели со „лисиците“ ова лето.