Мончи наскоро би можел да заврши уште еден трансфер.
Како што пренесува експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио екипата на Рома постигнала договор со Бразилецот, Малком од редовите на Бордо, но сега преостанува договорот помеѓу клубовите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малком наводно се согласил, а сега Рома за неговите услуги нуди сума од околу 35 милиони евра, но со позајмица и право на откуп летото 2019 година.
Сумата не би требало да биде проблем со оглед на тоа што се наведува дека Бордо бара 40 милиони евра, но тие сакаат парите од Бразилецот да ги добијат ова лето, па договор се уште не е постигнат.
Претходно Малком се поврзуваше со Интер и во тој случај играчот се договори со клубот, но „нероаѕурите“ не успеаа да пронајдат заеднички јазик со францускиот клуб.
Овој 21 годишен фудбалер кариерата ја започна во Коринтијас, а член на Бордо е од јануари 2016 година кога Французите за неговите услуги платија сума од 5 милиони евра.