Шпанскиот играч за врска, Цеск Фабрегас со сите сили ќе се обиде да го убеди својот соиграч Еден Азар да остане во Челзи.
Потсетуваме, шпанските медиуми пренесуваат дека Азар е многу блиску до договор со Реал Мадрид и дека наскоро би требало да биде претставен во Мадрид, а Фабрегас ја користи последната приликата да го задржи во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да лажам, често зборувам со него. Тој е најдобар играч во нашата екипа и нашиот клуб сака да ги задржи најдобрите играчи. Тој знае дека навивачите го сакаат и дека е играч со кого сакаме да играме. Сигурно дека сакаме да остане“, изјави Фабрегас.
Потсетуваме, освен Реал за Азар е заинтересирана и Барселона, но како што сега стојат работите тој речиси сигурно ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“.