Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Случај „медалот на Калиниќ“ – играчите одлучија

Случај „медалот на Калиниќ“ – играчите одлучија

Донесена е одлука во врска со медалот на Никола Калиниќ.

Како што е веќе познато Калиниќ го напушти кампот на репрезентацијата откако одби да влезе во игра во натпреварот против Русија и на себе го навлече гневот на јавноста.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Златко Далиќ не сакаше да ја наруши атмосферата во тимот па го испрати дома, а играчите и стручниот штаб донесоа и веројатно очекувана одлука.

„Избркан е малку преголем збор, тој после одлуката на селекторот е отстранет на составот и тоа на крај се покажа како добра одлука. Кога во прашање е медалот, она што јас знам е дека Калиниќ после одлуката на играчите и стручниот штаб ќе го добие својот медал“, изјави Томислав Пацак, портапаролот на хрватскиот фудбалски сојуз.

Иначе, Калиниќ многу веројатно ќе го напушти Милан, а следна дестинација би требало да биде Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гвардиола: Мораме да го победиме Вест Хем, во спротивно се ќе биде готово!

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека битката за титулата во Премиер лига…