Рускиот фудбалер кој импресионираше на овогодинешниот Мундиајл изгледа ја прифатил понудата и се сели на Островот!
Според последните информации Головин ја прифатил понудата од тимот на Челзи!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Головин беше еден од најважните играчи на репрезентацијата на Русија која како домаќин успеа да стигне до четвртфиналето на Светското првенство каде што после изведувањето на пенали беше елиминирана од Хрватска.
Рускиот играч за врска привлече огромно внимание.
Во игра за неговиот потпис беа Јувентус, Монако и Челзи. Сепак, Јувентус како да се повлече откако го доведе Кристиано Роналдо, додека Монако испрати понуда, но изгледа желбата играчот одиграла пресудна улога.
Медиумите во Англија пренесуваат дека медицинските прегледи ќе бидат завршени веќе утре, како и дека Головин ќе потпише договор на пет години.
Да потсетиме, Челзи претходно во средината се засили со Жоржињо.
Головин за ЦСКА Москва дебитираше на само 18 години, сега има 22 и одигра 113 натпревари во сите натпреварувања за овој клуб.
BREAKING: Chelsea have agreed a fee with CSKA for the transfer of 22 year old Russian midfielder; Aleksandr Golovin.
He rejected advances from Monaco & will soon sign for the Blues!@MatteoPedrosi pic.twitter.com/gqGwFRHsKy
— Footy Accumulators (@FootyAccums) July 17, 2018