Дома Трансфер зона Анри вчера го напушти „Sky Sprots“, а денеска доби три понуди за тренерска работа

Анри вчера го напушти „Sky Sprots“, а денеска доби три понуди за тренерска работа

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри одлучи повеќе да не работи во „Sky Sports“ како стручен коментатор, бидејќи сака повеќе да се посвети на тренерската кариера.

Анри беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија на овој Мундијал со кого освои бронзен медал. Сепак, иако беше многу добар стучен коментатор на крајот донесе одлука дека време е сериозно да заполови во тренерските води.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако вчера го напушти „Sky Sports“, англиските медиуми пренесуваат дека уште денеска доби три понуди за тренерска работа. Познато е дека станува збор за екипи од Англија, но се уште не се знае за имињата на клубовите кои сакаат да го видат Анри на клупата на својот тим.

Колку Анри има желба да се докаже како тренер најдобро покажува фактот дека одбил договор од споменатиот медиум од дури десет милиони фунти за продолжување на соработката. Ќе биде интересно да се види легендарниот напаѓач на Арсенал во улога главен тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…