Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ предизвика различни коментари со изјавата пред неколку дена дека навива за Хрватска на СП во Русија.
Ѓоковиќ тогаш изјави дека ќе навива за Хрватите, дека се надева дека ќе го освојат Мундијалот, а неговата изјава ја осудија медиумите во Србија. Меѓутоа, откако им одржа лекција после тоа, актуелниот Вимболдон шампион уште еднаш се огласи и испрати порака до Модриќ и друштво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Им честитам на Лука Модриќ и целата хрватска репрезентација на неверојатниот успех. Убаво е да се види мала земја од нашиот регион да успее на еден голем настан како што е СП.“ – порача Новак.
Српскиот тенисер е во добри односи со неколку хрватски играчи, а исто така тие му дадоа поддршка пред финалето на Вимболдон во кое на крајот Ноле успеа да победи и по четврти пат во својата кариера да го освои овој Гренд Слем турнир.