Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Kуртоа го исклучил телевизорот да не ги гледа Французите, но добил повик па повторно го вклучил…

Kуртоа го исклучил телевизорот да не ги гледа Французите, но добил повик па повторно го вклучил…

Репрезентативецот на Белгија, Тибо Куртоа ја доби наградата за најдобар голман на Мундијалот, но тоа и не му е некаква утеха со оглед на тоа што неговата селекција не стигна до трофејот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега на новинарите Куртоа им откри дека не можел да го гледа славјето на Французите.

„Го гледав финалето до 94 минута, потоа го изгасив телевизорот, не можев да ги гледам Французите како слават“, изјави Куртоа.

Сепак, неколку моменти подоцна добил повик од неговиот пријател.

„Ме побара еден пријател и ми кажа дека Модриќ ја добил наградата за најдобар играч на турнирот и дека потоа го прочитале моето име. Во тој момент повторно го вклучив телевизорот. Сепак, тоа е голема чест за мене, полуфиналето е голем успех, но жал ми е што не направивме нешто повеќе“, заврши Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…