Еден од најдобрите француски фудбалери, Антоан Гризман призна дека ова за него е натпревар на кариерата и дека уште како дете сонувал да игра во финале на Светско првенство.
Гризман не го интересира дали ќе постигне гол во финалето, туку во мислите му е само трофејот од Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Уште како дете сонував да играм во финале на Светско првенство. Ако ги прашате сите млади играчи, тие, исто така, ќе ви кажат дека мечтаат за овој натпревар“, истакна Гризман.
„Не е важно дали ќе успеам да постигна гол. Јас само сакам да го освојам шампионскиот трофеј на Мундијалот. Имаме потенцијал за такво нешто, веруваме во нашите квалитети. Ќе може да сметаме на сите играчи. Се надеваме дека ќе бидеме шампиони“, заклучи Французинот.