Се оддолжи чекањето во текот на вчерашниот ден, но Новак Ѓоковиќ најде разонода.
Не им беше лесно на Патрик Андерсон и Џон Изнер во текот на вчерашниот ден, а нивната пресметка од шест часа направи проблем и во вториот полуфинален пар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал излегоа на терен дури во вечерните часови и не успеаа да го завршат својот полуфинален меч.
Како Ноле го минуваше времето чекајќи Андерсон и Изнер да го завршат мечот може да се види на социјалните мрежи.
Ноле со членовите на својот стручен штаб играше игра со кликери која очигледно го смируваше и релаксираше во моментите кога останатите чувствуваа голема доза на нетрпение и нервоза.
По првите три сета, Ѓоковиќ има предност во дуелот со Надал 2:1. Инаку продолжението на ова полуфинале е закажано за 14:00 часот.
Novak while waiting @DjokerNole
(IG STORY) ??#NoleFam #Wimbledon pic.twitter.com/oNgwYYywlw— Anna Van der W ?? ?? (@AnnaNono22972) July 13, 2018