Дома Останати Тенис Вимблдон: Серена во 10-то финале ќе игра против Кербер

Вимблдон: Серена во 10-то финале ќе игра против Кербер

Германката Анџелик Кербер и Американката Серена Вилијамс ќе се сретнат во овогодинешното финале на Вимблдон.

Во првото полуфинале Анџелик Кербер ја победи дванесетата тенисерка во светот, Јелена Остапенко со 2:0 (6:3, 6:3).

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Кербер ја победи Остапенко после 67 минути игра. Таа четири пати го одзема сервисот на противничката, додека Остапенко направи еден брејк.

Место во финалето обезбеди и Серена Вилијмас откако денес ја совлада Германката, Јулија Гергес исто така со 2:0 во сетови (6:2, 6:4).

Мечот помеѓу Вилијамас и Герегес траеше 70 минути.

За некогаш најдобрата тенисерка во светот ова ќе биде 10-то финале на Вимблдон и ќе се бори за осмата титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз прв финалист на Ролан Гарос

Карлос Алкараз ќе игра во финалето на турнирот Ролан Гарос втора година по ред. Шпанецот с…