Она што беше најавувано денес доби официјална потврда, Ашраф Хакими е нов фудбалер на Борусија Дортмунд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Борусија успеа да се договори со Реал Мадрид за позајмица на две години.
Мароканецот минатата сезона беше прекомандуван во првиот тим и играше на местото на Карвахал, но после добриот старт, не блескаше премногу.
Подоцна Зидан и не му даваше премногу шанса, но Реал смета на ова момче кое има само 19 години, минатата сезона одигра десет натпревари, а го гледавме и на Мундијалот.
Интерес за неговите услуги покажуваше и Наполи, Анчелоти преогвараше, но Хакими не беше расположен за преселба во Неапол. Борусија Дортмунд за него беше по привлечна дестинација и сметаше дека токму тука може да добие вистинска шанса.