Вест Хем денес и официјално го претстави Џек Вилшер, кој потпиша тригодишен договор со „чеканите“.
26-годишниот плејмејкер доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Арсенал, каде ја помина целата кариера до сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чувството е специјално. Многу луѓе знаат дека имав големи симпатии кон овај клуб. Уште како дете навивав за Вест Хем и многу луѓе ги виделе моите фотографии. Целото мое семество се фанови на овој клуб“, истакна Вилшер.
Our new midfielder has arrived… #WelcomeJack pic.twitter.com/kPd7hm4YxZ
— West Ham United (@WestHamUtd) July 9, 2018