Дома Трансфер зона Човекот кој требаше да биде наследник на Чави пристигна во Лондон: Арсенал или Челзи?

Човекот кој требаше да биде наследник на Чави пристигна во Лондон: Арсенал или Челзи?

seri

Не се појави на припремите и очигледно има дозвола да го напушти клубот, сега останува да се види која дестинација во Лондон.

Одличниот Жан Мишел Сери се уште не одлучил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите од Островот тој пристигнал во Лондон, а во игра за негов нов клуб се Челзи и Арсенал. „Сините“ преговарат со играчот за врска веќе неколку месеци, но во последен момент се вклучи и Арсенал.

Овој фудбалер доби понуди и од Фулам и Вест Хем, дури се пишуваше и дека ги избрал „чеканите“, но сепак подоцна се покажа дека англиските гиганти сепак се опција која е повеќе примамлива, што е разбирливо.

Како што споменавме Сери не се појави на припремите на Ница, а тоа ја покажува и неговата јасна намера да замине.

Да потсетиме минатото лето беше пред трансфер во Барселона, го доби и прекарот „црниот Чави“. Оваа сезона не играше во таква форма, но сепак забележа солиден учинок од седум постигнати голови и девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…