Дома Фудбал Јеро одби повторно да биде спортски директор на репрезентацијата

Јеро одби повторно да биде спортски директор на репрезентацијата

Фернандо Јеро и официјално повеќе не е селектор на шпанската репрезентација, потврди денес Фудбалската федерација.

Јеро, кој на селекторското место дојде после изненадниот отказ на Лопатеги, одбил да се врати на местото спортски директор, иако неговиот договор со Федерацијата е се уште во сила.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„После многу километри поминати заедно Федрацијата и Фернандо Јеро ставаат крај на своите професионални односи. Последниот селектор одби да се врати на местото спортски директор бидејќи бара нови предизвици во кариерата“, стои во официјалното соопштение.

Јеро во два наврати беше спортски директор на репрезентацијата, од 2007 до 2011 и од ноември 2017 до почетокот на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …