Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нема победник после 90 минути: Русија и Хрватска одат во продолженија (видео)

Нема победник после 90 минути: Русија и Хрватска одат во продолженија (видео)

Вечерва за место во полуфиналето на Мундијалот во Русија се бореа селекциите на Русија и Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекцијата на Хрватска влезе како благ фаворит против домаќинот на Мундијалот, а може и да се каже дека така изгледаа работите на теренот. Хрватска беше за нијанса подобра репрезентација, но Русите не се откажаа и имаа свои шанси.

Вистинска експлозија на стадионот во Сочи се случи во 31 минута. Човекот кој на овој Мундијал се наметна како резерва за повредениот Џагоев, продолжи со одличните игри, Денес Черишев постигна маестрален погодок за водство на Русите.

Хрватска одговори многу брзо, само осум минути после постигнатиот гол. Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ го пронајде Андреј Крамариќ кој го совлада Игор Акифеев за изедначување.

Во вториот Хрватска беше таа која ја имаше иницијатива. Најголемата шанса ја пропушти Перишиќ кој ја погоди стативата.

Од друга страна Русија пак како што одминуваше времето се повлекуваше и се надеваше дека може да се избори за продолженија и евентуални пенали, до продолженија и стигнаа.

Конечниот резултат после регуларните 90 минути гласеше 1:1.

Англија противникот ќе го добие после двете продолженија по 15 минути или пак, после изведувањето на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешнат…