Македонските ракометари пристигнаа во Албервил со чартер лет од Мец и вчера го одржаа првиот тренинг, но условите на кои наидоа нашите ракометари се далеку од нивото на едно Светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од нашиот табор, сместувањето и условите за тренинг се далеку под нивото на едно Светско првенство. Собите во хотелот се мали, а денеска тренираа во ладна сала во близина на хотелот.
За ова веќе е реагирано и до надлежните во ИХФ бидејќи слични поплаки има и од другите учесници на ракометниот мундијал.
Денес од 16.00 часот во Албервил, Македонија и Норвешка ќе ја отворат осминафиналната програма, која е поделена во два дена.