ПСЖ е спремен да издвои вистинско богатство за Лука Циндриќ, кој до вчера беше дел од Вардар, а ова лето се пресели во полскиот тим Киелце.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе повеќе од една година се знаеше дека Циндриќ ќе се пресели во Киелце, тој таму беше промовиран уште лани пред Вардар да стигне до титулата во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, дали ќе заигра за Киелце или пак само ќе биде една одлична заработувачка за овој тим ќе видиме. Имено, тој е голема желба на новиот тренер на ПСЖ, довчерашниот стратег на Вардар и актуелен македонски селектор, Раул Гонзалез.

Милион евра била првата понуда на парижаните, која од Киелце била одбиена, втората која исто така била одбиена гласела 1.5 милиони евра, а третата која ја праќа ПСЖ е четири милиони, или двојно повеќе од рекордниот ракометен трансфер, безобразна понуда која тешко се одбива.

Сега се чека одговорот Киелце и ќе биде познато дали Циндриќ ќе стане најскап ракометар во историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Официјално: Манасков го има голот на сезоната во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во сезоната 2025/26…