Арсенал по долго време во новата сезона ќе влезе без Џек Вилшер.
Некако, Англичанецот претходните години беше заштитен знак за Арсенал, но со заминувањето на Венгер и овој играч одлучи да го напушти Арсенал ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вилшер беше незадоволен од третманот кој го има во новиот клуб па одлучи да го напушти. Сега, „Sky Sports“ јавува дека некогаш талентираниот Англичанец нема да си оди далеку. Поточно, Вилшер не би требало да го напушти градот, а следен клуб за кого би требало да заигра е Вест Хем.
„Трансфер периодот трае до почетокот на август. Нема да брзам, ниту да го исклучам заминувањето од Англија“, изјави Вилшер.