Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го критикуваше Диего Армандо Марадона поради изјавата дека судијата Марк Гајагер ја „ограбил“ Колумбија во осминафиналето на Мундијалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ФИФА наведува дека констатацијата на Марадона е непримерна и неоснована.
Наводно, Марадона пред почетокот на натпреварот бил снимен во дресот на Колумбија, а голот на Мина во последните моменти го славел како тој да бил стрелец.
Колумбија беше елиминирана после изведувањето на пенали (4:3), во регуларниот дел беше 1:1.
„На ФИФА и е исклучително жал што слушна така изјава од играч кој испишуваше историја во фудбалот“, се наведува од соопштението на светската куќа на фудбалот.