Хрватскиот ракометен клуб ППД Загреб денеска и официјално го претстави Лино Червар како нов тренер.

Червар, кој претходно од 2009 година го водеше македонскиот клуб Металург, повторно се враќа на клупата на Загреб од каде дојде во Македонија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


– Загреб има свое минато, сегашност и иднина. Тоа е клубот на кој се базира репрезентацијата и ова злато на Медитеранските игри во Шпанија го оствари репрезентација каде половина од играчите доаѓаат од Загреб. Иако не бев во Хрватска во изминатите години, бидејќи работев во Македонија, сепак следев се што се случуваше во Загреб и во клубот. Сепак, не е исто како кога си тука во центарот на настаните, кога си дел од целината како што е сега, истакна хрватскиот експерт.

Червар најави нов проект со Загреб, кој ќе се базира првенствено на работа со млади играчи.

Хрватскиот тренер освен во Металург, краток период беше ангажиран и како селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …