Македонската ракометна репрезентација, без Дејан Манасков ќе ѝ се спротивстави на Норвешка во осминафиналето Светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија, в сабота во олимпискиот Арбервил, ќе го одигра осминафиналниот натпревар против селекцијата на Норвешка, која го освои второто место во А групата.
Селекторот Лино Червар во тимот ќе го нема Дејан Манасков, кој се повреди во финишот на натпреварот со Исланд . Левото крило на Рајн Некар има повреда на мускулот и најверојатно во наредните два месеца ќе отсуствува од ракометните терени.
За разлика од Манасков, стручниот штаб на репрезентацијата ќе може да смета на Филип Миркуловски, кој исто така предвреме го заврши мечот со Исланд.