Дома Фудбал Фалкао дирекно го обвини судијата за елиминацијата

Фалкао дирекно го обвини судијата за елиминацијата

Првата ѕвезда и капитен на Колумбија, Радамел Фалкао директно го обвини судијата по поразот на пенали од Англија во осминафиналето на светското првенство.

„Имаше многу спорни ситуации кои судијата ги пресуди во корист на Англија. Можеби тоа е затоа што тој зборува со Англичаните на ист јазик? Но, јасно ми е дека сами сме си виновни“, изјави Фалкао по мечот.

„Со скршено срце, но горд на се што направивме на Светското првенство во Русија. Горд сум на овој тим, дадовме се од себе на теренот за Колумбија. Горд сум што сум Колумбиец“, порача легендарниот напаѓач за кого ова е најверојатно последниот Мундијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го сака Олисе, Баерн бара меѓу 200 и 300 милиони евра?

„АС“ објавува дека интересот на Реал Мадрид за Мајкл Олисе би наишол на огромна финансиска…