Екипата на РК Вардар својот старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона ќе го има на 24-ти јули. Речиси цела недела ќе се остане да се тренира во С.Ц. Јане Сандански, додека на 31-ви јули, црвено-црните ќе заминат за Крањска Гора, каде ќе го одработат главниот дел од подготовките. Веќе шестта последователна година, екипата се подготвува на ова висинско место кое нуди одлични услови за работа. Во Крањска Гора е предвидено да се остане се до 9-ти август, каде покрај кондиционата подготовка, тимот со новиот тренер, Гарсија Парондо и новите играчи кои ќе пристигнат, треба да се воигрува за предизвиците кои им претстојат во новата сезона.

Од Крањска Гора, вардаровата експедиција ќе се упати директно за Германија, каде ги очекува првиот силен меѓународен турнир, а тоа е “Хеиде куп“. Според распоредот, Вардар ќе отвори со екипата на Хамбург на 10-ти август, со почеток од 20:15 часот. Во зависност од исходот на овој дуел, ќе го добиме противникот во следниот ден. Учесници на овој турнир ќе бидат и тимовите на Монпелје, Фуксе Берлин, Кристијанштад и Лајпциг. По враќањето од Германија ќе тренираме во Скопје, и на 18 август во Струга го играме натпреварот од Супер Купот на Македонија против Металург. Дополнително ќе се утврди саатницата на одигрување на тој меч.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Последната силна подготовка за црвено-црните и за проверка на формата, ќе ја имаме на силниот меѓународен турнир во Стразбур, кој ќе се одигра во периодот од 23-26-ти август. Вардар е во група со екипите на ПСЖ и Брест Мешков, додека во другата група се Нант, Монпелје и Веспрем. Првиот официјален меч на Вардар ќе биде во СЕХА-лигата, која треба да ја објави комплетната листа на учесници за новата сезона, како и стартот на истата.

Само за потсетување од клубот, заминаа тренерскиот тандем, Гонзалез-Дејвис, потоа Штербик, Марсениќ, Македа, Циндриќ, Кањелас и Абутовиќ, додека нови играчи се голманот Милосављев, потоа Горбок, Кисељев и Скубе. Дали ќе има уште некое засилување, оставаме простор да видиме во периодот кој следува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално…