Дома Топ вести „Дон Балон“: Барса добила „зелено светло“ од Меси – го сакаше Вилијан, сега тргнува по неговиот соиграч!

„Дон Балон“: Барса добила „зелено светло“ од Меси – го сакаше Вилијан, сега тргнува по неговиот соиграч!

Освен Вилијан кој веќе подолго време се поврзува со Барселона, денес шпански „Дон Балон“ пренесува дека една од желбите на Барселона е и неговиот соиграч.

Според информациите на „Дон Балон“, спортскиот директор, Ерик Абидал сака во клубот да го доведе неуморниот Канте. Идејата на Абидал наводно е со Канте да намали дел од одговорноста на Серхио Бускетс.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во текстот се наведува и дека било слушнато и мислењето на Лионел Меси кој дал „зелено светло“ Барса да тргне по неговиот потпис.

Играчот за врска во овој момент е дел од селекцијата на Франција на Мундијалот каде што „Триколорите“ ќе играат во четвртфиналето против Уругвај.

Да потсетиме, Канте, кој има титули во Премиер лигата со Лестер и Челзи, минатата сезона за „сините“ одигра 48 натпревари и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…