Дома Трансфер зона Се огласи Милан: Бонучи не е на продажба!

Се огласи Милан: Бонучи не е на продажба!

Деновиве се погласни се шпекулациите дека капитенот на Милан, Леонардо Бонучи ова лето ќе ги напушти „росонерите“.

За него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а вчера медиумите на Апенините излегоа со информација дека Бонучи веќе се договорил со „светците“ (види ОВДЕ).


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Меѓутоа, денес генералниот директор на „росонерите“ Марко Фасоне изјави дека клубот нема намера да го продава Бонучи, а и самиот фудбалер не изразил желба да замине.

Бонучи е наш капитенот и не ни размислуваме за негова продажба. Притоа, тој никогаш не ни кажал дека сака да замине. Се надеваме дека уште долго ќе остане во Милан“, изјави Фасоне.

„Што се однесува до трансферите ова лето, ние имаме солиден буџет, но се мора да биде во нормите на Финансискиот фер-плеј. Поднесовме жалба на одлуката на УЕФА и ќе видиме што ќе се случи“, додаде директорот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се договори со ѕвездата на Монако

Еден од приоритетите на Милан во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а…