Дома Топ вести Таткото потврди: Меси останува во Барселона!

Таткото потврди: Меси останува во Барселона!

Веќе неколку месеци трае сагата околу новиот договор на Лионел Меси со Барселона, па навивачите стравуваат дека првата ѕвезда би можела да го напушти клубот.

Сепак, таткото на Лионел Меси, Хорхе, тврди дека нема причина за грижи и дека преговорите одат во вистинска насока.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Нема опасност Лео да си замине од Барселона“, изјави Хорхе Меси за „Кадена Сер“.

Договорот на неговиот син со каталонскиот гигант истекува во летото 2018. година, а се чини дека некои клубови се спремни да ја активираат откупната клаузула.

Истовремено, „Кадена Сер“ наведува дека слична информација добила од еден неименуван челник на Барселона – преговорите одат во свој тек, лично ги води претседателот Жозеп Мариа Бартомеу кој верува дека договорот е блиску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…