Никој не може да биде сигурен во тоа, но подобро да не гледаат во минатото.
Фудбалскиот свет секако посакува судир на Меси и Роналдо во четвртфиналето на Мундијалот, но тоа не е извесно, а не е ниту невозможно. Многумина веруваат дека ваква Аргентина нема што да бара против Французите, додека Португалија ќе оди на тврдиот Ургувај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едно нешто не им оди во прилог ниту на Меси, ниту на Роналдо. Не им успеваше на претходните три Мундијалот.
Имено, ниту едниот, ниту другиот не постигнале гол во нокаут фазата.
Аргентина стигна до финалето на минатиот Мундијал, Меси беше прогласен за најдобар играч, постигнуваше голови во групната фаза, асистираше во нокаут натпреварите, но не успеа да се запише во листата на стрелци.
Тој досега на три светски првенство во вкупно 18 натпревари постигна шест погодоци, но не погоди ниту еднаш во нокаут фазата.
Роналдо во три учества, одиграл два натпревари помалку од меси, но постигна и гол повеќе. Предноста ја направи на овој Мундијал кога во првото коло постигна хет-трик против Шпанија.
Навистина звучи неверојатно податокот дека Меси и Роналдо не погодиле во нокаут фазата, а останува да видиме дали таа традиција ќе биде прекината денес.