Денес беше одреден распоредот за новата сезона во Бундес лигата, која ќе ја отвори шампионот Баерн Минхен против Хофенхајм на „Алијанц Арена“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По традиција сезоната во Германија ја отвара актуелниот шампион, па на 24-ти август Баерн ќе го пречека Хофенхајм, а во првиот круг ќе има уште едно дерби и тоа помеѓу Борусија Дортмунд и Лајпциг.
Во второто коло Баерн ќе му гостува на Штутгард, кој во последното коло минатата сезона ги победи Баварците среде Минхен. Првиот дуел меѓу шампионите и Борусија Дортмунд ќе биде во 11-то коло, односно на 10-ти ноември.
Последните натпревари од првиот дел на сезоната ќе се одиграат на 23-ти декември, а вториот дел на сезоната ќе започне на 18-ти јануари.
Прво коло:
Баерн Минхен – Хофенхајм
Борусија Дортмунд – Лајпциг
Борусија Мехенгладбах – Баер Леверкузен
Херта – Нинберг
Вердер – Хановер
Фрајбург – Ајнтрахт
Мајнц – Шалке
Фортуна Дизелдорф – Аугсбург
The full fixture table ? #BundesligaSchedule pic.twitter.com/T08oiKmRfk
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) June 29, 2018