Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино денес изјави дека Мундијалот во Русија е совршено организиран.
„Целиот свет гледа кон Русија и фантастичната забава која оваа земја организираше. Фантастични натпревари, совршена организација. Ширум земјата гледаме голем број навивачи како во боите на својата земја ги слават победите. Тоа е фудбалот“, изјави Инфантино во Москва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инфантино заедно со претседателот на Русија, Владимир Путин, присуствуваше на егзибициониот натпревар помеѓу младите фудбалери од Русија кој го судеше професионалниот судија Михаил Вилков.
Покрај нив присутни беа легендарните фудбалери како Икер Касиљас, Лотар Матеус, Бразилецот Роналдо и Карлес Пујол и руските играчи Алексеј Смертин и Димитри Бујкин.