Дома Трансфер зона Потврдено: Албиол ја продолжи верноста со Наполи

Потврдено: Албиол ја продолжи верноста со Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Раул Албиол одлучи да ја продолжи верноста со италијанскиот клуб и потпиша нов договор до 2021 година.

Шпанецот имаше понуда од Виљареал и медиумите тврдеа дека ќе се врати во Примера, но тренерот Карло Анчелоти го убедил да остане на „Сан Паоло“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека двете страни веќе постигнале договор и во следните денови Албиол ќе стави потпис на нов договор до 2021 година.

Оваа вест денес ја потврди и претседателот на Наполи Де Лаурентис, кој исто така потврди дека клубот е блиску до привлекување на голманот на Удинезе, Алекс Мерет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …