Интер денес на пресконференција го претстави најновото засилување, Раџа Наинголан кој пристигна од редовите на Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот на „Џузепе Меаца“ ќе го носи дресот со број 14 и изјави дека конечно сака да освои некој трофеј во кариерата.
„Интер ме сакаше повеќе од сите и се радувам на оваа авантура. Не сакам премногу да зборувам за Рома, тоа е веќе минато. Се надевам дека довербата на Интер ќе ја исплатам на теренот“, изјави Наинголан.
„Сакам трофеи, затоа дојдов во овој клуб. Мојата цел е конечно да освојам некој трофеј бидејќи до сега не сум освоил ништо. Борба за Скудето? Јувентус е силен и секое лето се засилува, но верувам дека Интер ќе создаде компетентен тим“, додаде Блгиецот.