Како што се и очекувапе, Милан испрати жалба на одлуката на УЕФА да го исфрли овој клуб од европските натпреварувања.
Европската куќа на фудбалот денес ја објави својата одлука, која ќе стане важечка дури откако ќе биде обработена жалбата на италијанскиот клуб, а Милан поради кршењето на условите на финансискиот фер-плеј казнет е со забрана за настап во една сезона во европското натпреварување во кое Росонерите ќе се квалификуваат во следните две години. Тоа би значело дека Милан ќе го пропушти излегувањето во Европа изборено во претходната сезона на Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„УЕФА одлучи да го санкционира Милан поради кршењето на правилата од УЕФА правилникот за лиценцираните клубови и финансискиот фер плеј во периодот од јули 2014. до јуни 2017. година. Милан му наложи на својот правен тим да испрати жалба на оваа одлука пред Судот за арбитража во спортот во Лозано. Милан во потполност му верува на овој суд дека ќе се земат предвид аргументите на клубот“, порачаа меѓу останатото од Милан.
Важно е да се истакне дека одлуката на УЕФА се однесува на периодот од 2014. до 2017. година, додека сегашниот сопственик на Росонерите го комплетираше преземањето на клубот од Берлускони дури во април 2017. година.