Спортскиот директор на Барселона, Ариедо Браида, ги демантираше информациите дека каталонскиот клуб преговара со Јувентус за трансфер на Миралем Пјаниќ.
Наводно Барса после заминувањето на Андрес Иниеста во Јапонија е во потрага по играч кој ќе го замени, а Пјаниќ се споменуваше како еден од најсериозните кандидати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, според зборовите на Браида клубот уште во март ја обезбедил замената за Иниеста, а тоа е Бразилецот, Артур.
„Нема никакви преговори, не сме заинтересирани за Пјаниќ. Тој е добар играч, но сега имаме Бразилец кој ќе ја превземе улогата на Иниеста. Постојат луѓе во Барселона кои ја следат ситуацијата на трансфер пазарот и знаеме дека Пјаниќ не е во нивните планови“, јасно порача Браида.
Пјаниќ освен за Јувентус во текот на кариерата настапуваше за Мец, Олимпик Лион и Рома.