Селекторот на Бразил продолжува со својата пракса. „Кариоките“ во натпреварот против Србија ќе бидат предводени од нов капитен.
Имено, во селекцијата на Бразил постои пракса пред секој важен натпревар да се менува капитенот. Тите не отстапи од таквата „традиција“ и пред натпреварот против Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На првиот натпревар кој Бразил го одигра на Мундијалот капитен беше Марсело, пред натпреварот против Костарика за капитен беше избран Тиаго Силва, а сега следуваше нова промена.
Честа остатокот од екипата со капитенската лента на раката да ги предводи своите соиграчи против Србија ќе ја добие Миранда. За него ова ќе биде четврти пат да биде капитен од кога Тите е селектор.
Миранда беше капитен на Бразил во пријателскиот натпревар против Австрија овој месец, а потоа таа чест ја имаше и во натпреварите против Еквадор (дебито на Тите) и Ургувај.
Во сите три претходни натпревари во кој Миранда беше капитен, Бразил ги добиваше натпреварите со убедлив резултат со три гола разлика.
Против Еквадор 3:0, а против Ургувај и Австрија со по 4:1.
Натпреварот помеѓу Бразил и Србија се игра утре со почеток во 20:00 часот.