Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кака знае од каде доаѓа најголемата опсност од Бразил – и тоа не е Нејмар

Кака знае од каде доаѓа најголемата опсност од Бразил – и тоа не е Нејмар

Нејмар не покажа премногу на Мундијалот во Русија, па многумина сметаат дека во последниот натпревар против Србија друг играч може да ја има клучната улога.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рикардо Кака, легендарниот бразилски фудбалер кој ја освојуваше „Златната топка“, смета дека Србија ќе има проблеми да ги запре „Кариоките“, а како најголема опасност кон нивниот гол го истакна Фелипе Кутињо.

„Групата е премногу силна, се надевам на Кутињо, тој е нашиот најодлучен играч“, изјави Кака.

Кога во прашање е Нејмар, Кака смета дека него му е потребно време во целост да се опорави од повредата и да заигра онака како што се очекува.

„Околу три месеци се опоравува, потребно му е време. Ќе видите дека ќе игра се подобро и подобро, како што првенството ќе одминува. Се надеваме дека Нејмар ќе биде 100% да му помогне на Бразил да стигна до 6 ѕвезди“.

„Забележителен е напредокот од натпревар во натпревар. Против Швајцарија сите беа нервозни, не само тој. Притисокот со кој се бори не е вообичаен. Мора да се избори со тоа, мораме да го заштитиме од критиките“, изјави Кака.

Натпреварот помеѓу Бразил и Костарика се игра утре со почеток во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

(Видео) Ѕвездите на ПСЖ беа пречекани со жестока порака во Минхен

Минхен вечерва гори и Алијанц Арена е подготвена за спектакл каков што ретко се гледа, бид…