Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе вечерва пристигна во Рим каде доби топол пречек од фановите на Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пасторе утре треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да биде претставен како ново засилување на Рома.
28-годишниот плејмејкер пристигнува како замена за Наинголан, кој се пресели во Интер, а Рома за неговиот потпис ќе плати 20 милиони евра.
За „Ел Флако“ ова е враќање во Серија А после 7 години, откако играше во Палермо, каде доживеа фудбалска афирмација и се пресели во ПСЖ.
