Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Агуеро ќе ја плати цената за бунтот против Сампаоли

Агуеро ќе ја плати цената за бунтот против Сампаоли

Бунтот на неколку од ѕвездите на Аргентина против Сампаоли не успеа и тоа ќе ги чини неколку фудбалери со местото во стартниот тим за мечот против Нигерија.

Медиумите пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е еден од најсилните противници на Сампаоли и дури зборувал со претседателот на Федерацијата, Клаудио Тапија за селекторот да биде сменет. Меѓутоа Федерацијата го поткрепи Сампаоли, кој сега ќе го тргне Кун од стартниот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се очекува Агуеро да биде на клупата, а во стартниот тим на негово место да започне Гонзало Игуаин. Голманот Кабаљеро кој направи неколку грешки на претходниот меч исто така ќе биде сменет од стартниот тим со Франко Армани.

Анхел ди Марија и Евер Банега се другите фудбалери кои ќе бидат во стартниот тим на местото на местото на Маркос Акунија и Енцо Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…