Дома Видео Лудница на аеродромот: Наинголан пристигна во Милано!

Лудница на аеродромот: Наинголан пристигна во Милано!

Белгијскиот фудбалер Раџа Наинголан вечерва допатува во Милано, а веќе утре би требало да ги мине медицинските прегледи во Интер.

Наинголан веќе неколку сезони е еден од главните играчи на рома и сигурно дека е големо изненадување неговото заминување во Интер. Раџа вечерва пристигна во Милано, а на аеродромот го пречекаа голем број навивачи на Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгијанецот по доаѓањето на аеродромот кратко се обрати на присутните новинари каде откри дека е среќен што доаѓа во овој клуб.

„Среќен сум што сум овде, а се надевам дека навивачите ќе бидат уште посреќни со моите игри.“

Рома на овој трансфер треба да заработи околу 24 милиони евра, а во спротивен правец ќе премине Давиде Сантоне и младинецот Николо Заниоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…