Полскиот голман Лукаш Фабијански од наредната сезона ќе го носи дресот на Вест Хем Јунајтед, соопшти клубот од Лондон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фабијански во Вест Хем пристигна од Свонси кој испадна од Премиер лигата, а потпиша договор на три години.
Лукаш Фабијански (33) во кариерата бранеше уште а Лех Позњан, Легија, Арсенал, а последните четири години ги помина во Свонси.
Во овој момент тој е со репрезентацијата на Полска на Мундијалот во Русија каде што е резерва на Војчех Шчесни.