Дома Фудбал Луис Суарез – против Египет промашуваше, а денес го запиша своето име во историјата

Луис Суарез – против Египет промашуваше, а денес го запиша своето име во историјата

После серијата промашување во првиот натпревар против Египет, денес Луис Суарез против Саудиска Арабија го постигна првиот гол за својата репрезентација.

Имено, со денешниот гол (можете да го погледнете тука) Суарез стана првиот Уругваец кој постигнувал голови на три различни светски првенства.

Суарез постигна три гола во 2010 година, два пати погодуваше пред четири години во Бразил, а денес во 22 минута погоди за водство на Ургувај.

Покрај тоа денешниот натпревар на Суарез за Уругвај е негова јубилејна 100-та, па ќе има навистина многу причини за задоволство после овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барела го брани Киву по дерби-поразот: Не е до формацијата, ние потфрливме

По поразот од Милан со 3-1, Николо Барела ја посочи одговорноста кај играчите и објасни зо…