Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Деле Али го пропушта вториот меч, Саутгејт прави две промени

Деле Али го пропушта вториот меч, Саутгејт прави две промени

Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али кој се здоби со мала повреда на првиот меч против Тунис, најверојатно ќе го пропушти вториот натпревар на „Гордиот Албион“, пренесуваат медиумите на Островот.

На негово место против Панама во стартниот тим ќе биде Лофтус-Чик, кој против Тунис влезе во игра во второто полувреме и беше одлично оценет.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Саутгејт сака да го чува Деле Али за дуелот со Белгија, а притоа размислува за уште една промена во тимот. Според „Телеграф“ Рахим Стерлинг најверојатно ќе биде заменет со Маркус Рашфорд во стартниот тим.

Од друга страна „Сан“ пренесува дека Ешли Јанг против Панама ќе биде во стартниот тим на местото на Дани Роуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Рускиот великан нуди 20 милиони евра за напаѓачот на Рома

Зенит испратил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома Тами Абрахам, пренесува Џанл…