Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ ја образложи својата одлука да го исфрли Никола Калиниќ од репрезентацијата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што објаснува Далиќ, Калиниќ бил испратен дома бидејќи како што кажува Далиќ самиот му кажал дека не е спремен.
„На натпреварот против Нигерија Никола се загреваше, требаше да влезе во второто полувреме, но ми кажа дека не е спремен и дека почуствувал проблем во грбот.
Истото се повтори и на пријателскиот натпревар против Бразил во Англија“.
„Јас тоа мирно го прифатив. Три пати не беше спремен, а мене ми се потребни спремни и здрави играчи поради тоа одлучив тој да се врати дома“, изјави Далиќ.