Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најфаулираниот играч на мундијалите во последните 20 години – Нејмар

Најфаулираниот играч на мундијалите во последните 20 години – Нејмар

Легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер го држи рекордот, но вчера Нејмар беше многу блиску да го сруши.

Вчерашниот натпревар од групата Е помеѓу селекциите на Бразил и Швајцарија заврши без победник со резултат 1:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Швјацарија успеа да го запре Бразил и може да се каже дека тактиката за која се определија беше одлична, имајќи предвид каков беше критериумот на судијата.

Најмногу удари на вчерашниот натпревар доби ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар.

Бразилецот беше фаулиран дури десет пати што е најголем број на прекршоци над еден играч уште од Мундијалот во Франција.

На споменатиот Мундијал, Алан Ширер на еден натпревар беше фаулиран 11 пати и тоа рекорд кој малку недостасуваше вчера да биде срушен.

Какви беа коментарите на бразилската јавност за вчерашниот настап на Нејмар, можете да погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…