Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Настапот на Нејмар: Егоизам, индивидуализам – катастрофа! „Поради него не победивме“…

Настапот на Нејмар: Егоизам, индивидуализам – катастрофа! „Поради него не победивме“…

neymar

Бразилските медиуми немаат милост кон првата ѕвезда на својот тим.

Само неколку минути после завршувањето на натпреварот Бразил – Швајцарија со неочекувано реми 1:1, новинарите најмногу ги интересираше коментарот на соиграчите на Нејмар за неговиот настап.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фелипе Кутињо немаше што да му замери.

„Зад него е одличен натпревар, ќе биде наш клучен фактор на ова првенство“.

Слични одговори дадоа и поголемиот дел од играчите, но тоа не го мисли бразилската спортска јавност која силно удри по нивната најголема ѕвезда.
Поединци, стручњаци, коментатори не штедеа критики кон Нејмар.

Нејмар беше вистинска катастрофа“, изјави Арналдо Рибеиро за бразлискиот „ЕСПН“.

„Одигра неприфатливо лошо, требаше да биде заманет. Бразил има доволен колективен квалитет за да може на тој начин да го добие натпреварот, но тој одлучи сам да победи во овој натпревар. Во ред ако е тоа оправдување, неодамна се опорави од тешка повреда. Меѓутоа, Нејмар баш ништи не направи за тимот. Многу подобро ќе беше на негово место да влезе Даглас Коста. Не знам зошто тоа не се случи“, зборуваше Рибеиро.

Поранешниот репрезентативец на Бразил (1995-1999), Зе Елијас исто така не го поштеди Нејмар.

„Егоизам, многу грешки…Како да заборавил да игра во тим, премногу долго ја држеше топката“.

„Глобоеспорте“ настапот на Нејмар го оцени со оценка 5.5 и коментар:

„Премногу мислеше на себе. Беше далеку од нивото кое го покажа на претходните два припремни натпревари. Малку почна да мисли дури пред крајот на натпреварот“.

Освалдо Паскоал исто така смета дека Коста морал да добие шанса.

„Начинот на кој Нејмар играше беше вулгарен. Неверојатно е тоа што Тите не му даде шанса на Коста“.

Весникот „О’ Темпо“ директно го обвини:

„Нејмар е главна причина поради која Бразил не победи“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…